Мини градини – дупки на среќата

Замислете, оваа брилијантна идеја е на група студенти од Америка. Целта им била јасна: преку проектот сакале да привлечат внимание кон проблемот со оштетените патишта и улици,на забавен начин. Се што требало да направат, е да ги пополнат дупките со земја и свежо цвеќе. И успеале во идејата!

Оваа идеја на младите студенти не останала незабележана и набргу привлекла интерес. До денеска, ширум светот се појавиле многу улични градинари, кои редовно ги украсуваат дупките на улиците.Еден од нив е британецот Стив Вин (SteveWheen).

Еден убав сончев ден Стив Вин (SteveWheen) сватил дека, превозот до работа може да се претвори во кошмар, доколку патот не е во добра состојба. И решил да направи нешто во врска со тоа.

Така станал стрит (уличен) градинар во Источен Лондон, каде проблемот со дупките на улиците изгледа е сериозен. Полека почнал да ги претвора грозните и опасни “процепи“ во оригинални зелени катчиња.

Во нивната реализација творецот, вложува голема креативност и доза на хумор. Тој признава дека освен социјалната мисија да ги пополни и обезбеди градските дупки, има и друга важна задача. Вистински се радува кога преку малите градинки, успева да ги насмее минувачите и да им даде трошка оптимизам.

А ова се случува доста често:

Неодамна Стив ја посетил и Италија, каде имал задоволство да учествува на Milan Design Week.

Во големото дизајнерско шоу се вклучени многу артисти од цел свет, за да ги презентираат своите креативни идеи. Уличниот градинар Стив имал изложба од цели 14 проекти,меѓу кои:



За жал, ние немаме ваков градинар кај нас. Но и да имавме, тој едвај ќе можеше да направи нешто сам. Потребна ќе е армија од такви градинари, за да се наполнат огромните јами на некои од улиците. Сепак, вакви паметни дизајнерски идеи му се потребни на човештвото, за да се променат нештата… на подобро.

Подготвил: Л.Ѓ.

You May Also Like