Дрвени играчки – Подарок за сетилата на детето

Децата учат и се развиваат преку игра. Кога веќе го знаеме тоа, често потсвесно го правиме следното : “Колку повеќе играчки купуваме, толку повеќе го стимулираме неговиот раст“…

drvena igracka 1
И правиме голема грешка. Зошто децата имаат најмногу потреба од нашето внимание, можноста да истражуваат, да прават разлики, да учат за се што ги опкружува… Улогата на играчката е да помогне, детето да ја развие својата моторика, мислење, фантазија. Целта е да биде активно, да го провоцира да размислува. Многу од играчките на пазарот денес, ја бомбардираат детската фантазија со светли, јарки и агресивни звуци, со што тие имаат негативен ефект.

Во стремежот да му обезбедиме убаво детство, ние всушност неосетно во него ја градиме желбата за биде активен козуматор и тоа лесно и брзо се заситува, губи интерес, покажува незадоволство. Во зависност до возраста, доволни се само неколку, но квалитетни играчки. Трупањето на играчки во домот, крие еден ризик – детето да дојде во допир со опасни материи за здравјето. Затоа е добро, да обратиме посебно внимание на материјалите од кои се направени играчките. Ако на самата играчка се читаат само општи назнаки , како “пластика“ или “текстил“… бидете посебно внимателни. Дрвото од друга страна е природен материјал, од кој се правени играчки многу години наназад. Причината овие играчки да бидат посакувани и денес се многу: Ги активираат сетилата на детето.

Играчките изработени од дрво, ги активираат сите сетила на детето. Тоа ги изучува преку својот вид, слух, мирис, допир и вкус. Текстурата на дрвото е пријатна и ги мами детските прстиња да ја доближат играчката кон устата. Како природни, тие не се штетни. Обичните дрвени коцки, се претвораат во музички инструмент, зошто средбата меѓу две играчки е музика. Децата брзо учат, дека звуците се различни при секој удар, а тоа ја интригира нивната желба да експериментираат.

drvena igracka 2

Играчките од дрво, се среќаваат во различни модели и форми- за конструкција, сложувалки, превозни средства, музички инструменти, игри…

Сите тие го ангажираат детето подолго време, зошто преку нив тоа конструира, делува, учи и менува, реди и подредува, истражува, формира. За детето процесот на конструкција е многу поважен од крајниот резултат и во него тоа го вложува целото свое внимание. Дизајнерите, при содавање на дрвени играчки, главен фокус ставаат на тоа играчката да развива способности. Во исто време да радува и да биде неразделен дел од растењето на малиот-голем човек.

Лесни за одржување

Играчките од дрво, се отпорни на секакви детски авантури. За да ги изчистите, доволно е да ги избришате со влажна крпа или измиете со чиста вода. Дрвените играчки имаат долг животен век, па можно е да носат радост на неколку поколенија.

Еколошки избор

Дрвените играчки како што кажавме се безопасни, имаат долг живот, лесно се рециклираат и дрвото е биоразградлив материјал. Единствено нешто на кое треба да се обрати внимание, е бојата со која се прекриени. За изработка на играчки од дрво, потребно е помалку енергија, отколку за изработка на метални или пластични. Обработката на дрво, не ја загадува околната средина, а отпадниот материјал не е штетен.

Лазар Ѓ.

You May Also Like