Проектите од национален интерес во културата за 2015 година во септември

Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2015 година ќе се објават во септември …

ministerstvo-za-kultura

Министерството за култура информира дека согласно измените и дополнувањата на Законот за културата објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/14, Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2015 година, по одделни области и за одделни активности од културата, наместо во мај, како што беше пракса досега, ќе се објават во септември годинава.

Во конкурсите ќе бидат содржани условите за учество, како и критериумите и мерилата по одделни дејности според кои стручните комисии ќе вршат евалуација на пристигнатите проекти.

Годишните конкурси ќе бидат објавени во јавните гласила, како и на веб-страницата на Министерството за култура и ќе траат најмалку 30 дена од денот на објавувањето.

You May Also Like