Самостоен концерт на Тајзи во Охрид

Поп раперот Тајзи, денеска (31 јули) во Охрид ќе одржи свој концерт. Концерто ќе биде на плажата Градиште, со почеток во 21:00 часот.

tajzi12

На овој концерт Тајзи ќе настапи заедно со својот бенд, а неговите фанови ќе имаат можност да уживаат во неговите хитови „Љубов“, „Регетон“, „Пишано е“, „Живеам за себе“, „Дома си е дома“.

Драган Величковски –Тајзи, инаку е и добитник на две престижни награди на МАРС 2013, „Ѕвезда што се раѓа” и “Награда од публиката” за најслушана песна „Регетон“ која е дел од неговиот албум “Нешто поинакво”

You May Also Like