Сестрите Да Винчич со арт проект за Александар Македонски

Сестрите „D Vincic sisters” (Наталија и Гордана) со голем културно-уметнички проект за Александар Македонски …

d vincic sisters 1Познатите уметнички кои живеат и творат во Шведска, а се со македонско потекло, сестрите Наталија и Гордана или попознати како „D Vincic sisters” веќе со години работат на голем културно уметнички проект за Александар Македонски, проект кој конечно ќе ја добие својата промоција пред пошироката јавност.

Проектот се состои од два дела – „Лицата на Александар“ и „Портите на градот“ .

d vincic sisters 4

– „Александар Македонски (Александар Велики) бил успешен стратег и освојувач, посебно почитуван поради неговата огромна желба да ги обедини луѓето, а не да ги раздвојува. Неговата поранешна унија и стратегии на владеење се многу слични со оние од денешната Европска Унија. Сепак е голема штета што многу години по неговата смрт тој е предмет на расправии околу припадност и државни имиња. Во нашиот културен пројект „Лицата на Александар и Градот со седум порти“, се асоцираме со духот на Александар. Неговиот дух не е заинтересиран за препреки и граници. Тој посакува да види што се случило со некои делови од неговата поранешна земја, кои нови традиции се развиле и кој е идентитетот на луѓето што денеска живеат на тие простори. Неговиот дух патува и вниманието му го привлекуваат луѓе или ситуации, овие доживувања тој ги изразува преку нашите уметнички дела. . Во нив постојат многу симболи и скриени пораки кои ќе го инспирираат набљудувачот да гледа подлабоко во светот на симболизмот и да го најдат своето вистинското богатство. Секоја слика ќе биде пропратена со кратка историја која е конектирана со луѓе или ситуации од Македонија, каде што неговиот дух го доживува сето тоа. Толкувањето на Александровите увиди ќе биде во главата на набљудувачот. Веруваме дека овие уметнички дела ке создадат нова платформа за понатамошен дијалог“ – велат сестрите Гордана и Наталија околу овој проект.

d vincic sisters 3

Делата се творат во летниот период во Скопје,но инспирацијата сестрите ја добиваат со средби и преку ситуации што ги доживуваат ширум поднебјето на Македонија. Изработени се на ленени платна и со акрил.

Интересно е и што вториот дел од проектот се однесува на градот Скопје, односно на легендата за седумте порти кои воделе до главниот град, а се симболички прикажани преку нивните слики.

„Посветивме четири години од нашиот живот да ги пронајдеме клучевите од седумте порти кои водат кон успешен живот. Ние ги најдовме клучевите истражувајќи го внатрешниот и надворешниот свет на симболите каде што човечката интерпретација на истите беше главен водич. Седумте порти се всушност најважните домени во животот на секоја индивидуа. Тие седум симболични порти преставуваат влезови преку кои индивидата ги преминува препреките и блокадите за здрав живот, самодоверба, самопочит, креативност и самоостварување“, изјавија Да Винчич.

d vincic sisters 2

Овој проект за кратко ќе биде преставен пред македонската јавност, на голема мултимедијална изложба која ќе се одржи наскоро во Скопје.

You May Also Like