Бесплатен превоз за децата без родители и родителска грижа со ЈСП

Бесплатен превоз за децата без родители и родителска грижа до 18 години во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие –Скопје…

jsp-avtobusi-dvokatni

Градот Скопје ги информира полнолетните лица (не постари од 27 години) без родители и родителска грижа дека Јавното сообраќајно претпријатие –Скопје, во пресрет на проектот на Владата на Република Македонија за подобрување на состојбата на децата без родители и родителска грижа, од 1 август 2014 година ќе ја намали цената за 50% на месечениот билет за јавен превоз во градот Скопје, како и на билетот за превоз на жичницата на Водно. Децата до 18 години без родители и родителска грижа ќе можат бесплатно да ги користат услугите на Јавното сообраќајно претпријатие –Скопје.

Сите заинтересирани треба да ги приложат следниве документи за купување месечен билет:

1. Барање за издавање месечен претплатен билет (Образец бр.2-3 ЈСП/ www.jsp.com.mk);
2. Една фотографија, во прилог на Барањето ;
3. Потврда, издадена и заверена од соодветната ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа или од домовите каде што биле згрижени;
4. Лична карта на барателот.

Потребни документи за купување билет за жичницата:

1. Потврда издадена и заверена од соодветната ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа или од домовите каде што биле згрижени;
2. Лична карта на барателот или со приложување на месечниот билет за јавен превоз.

Сите заинтересирани, потребните документи треба да ги поднесат во продажното место на ЈСП-Скопје во Автокоманда на бул.”Александар Македонски бр.10″ каде што ќе можат и да го подигнат билетот.

You May Also Like