Европската велосипедска федерација со поддршка за НаTочак и неносењето кацига

Европската велосипедска федерација испрати писмо за поддршка на обидот на НаТочак да го спречи донесувањето на законот за задолжително носење кациги.

na tocak

Писмото од ЕВФ е адресирано до секој министер лично од релевантните министерства: Министерство за транспорт и врски (г. Миле Јанакиески), Министерство за здравство (г. Никола Тодоров) и Министерсвто за внатрешни работи (г. Гордана Јанкулоска), како и до Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Ги прочитавме предлог- измените, не се во најстрогата варијанта која беше најавена, носењето накацига е само препорачливо, не и казниво, и реагираме до неговото усвојување со цел да превенираме построга верзија на законот – се вели меѓу другото во писмото на ЕВФ, потпишано од Генералниот секретар Д-р Бернхард Енсинк .

Писмото што НаТочак го испрати до ЕВФ може да се прочита тука.

You May Also Like