“Модна недела Скопје” по десетти пат

Јубилејното 10-то издание на најголемиот моден настан во метрополата, Модна недела Скопје, овој пат во знакот на млади креативци и сензуална геометрија, започнува вечерва во Мултимедијален центар “Мала станица”.

modna nedela 2014 1Овие 5 дена Скопје обоен во моден ритам, посетителите низ неколку локации ќе можат да ги погледнат најновите колекции на домашните дизајнери, но и на дизајнери гости , кои што ќе ја збогатат програмата.

Оваа година дизајнерот Јован Петровски со луксузните брендови SQUIRE и Blackout и Јована Филиповиќ со најновата колекција за пролет-лето 2015 ја имаат честа да го отворат модното случување, вечерва во 20 часот во Мултимедијален центар “Мала станица”.

Втората вечер е резервирана за брендот „Vibrazioni “ на дизајнерката Александра Митковска во ноќниот клуб “Станица 26”.
Викендот, на 25 и 26 октомври , епицентарот на модата во Скопје е лоциран во салонот Ауди-Порше Македонија. Каде што ќе се појават дел од редовните дизјанери, кои што ги гледаме од сезона во сезона стандардно на пистата на Модната недела Скопје, така ќе бидат преставени новите колекции на следните дизајнери :

LIDIYA GEORGIEVA, Оливера Штакоска, Ирина Тошева поддржана од My:time, Никола Петровски, Le Brand, Стефанија Насеска и Олгица Ѓоргиева поддржана од Oxette.

Но покрај стандардните имиња, годинава ќе се појават и нови имиња.

Program Flaer 14-15

Премиерно ќе се представат модната куќа HERA, Инес Шабан, „JZJ by Zlatko Jovanovski“ и „Kufer by Andriana Dineva“ a за најмладите кои следат мода ја носиме модната продавница Софиленд со американски детски брендови. На дневната ревија на „Софиленд“ ќе гостуваат децата со Даунов синдром од здружението „Трисомија 21“ од Скопје со цел нивна подобра интеграција во социјалниот живот.

Моден викенд Скопје започна интернационална соработка па така по гостувањето на Росица Мршиќ на модната недела во Нови Сад во април годинава, по принцип на размена, од Србија ни гостува дизајнерката Марина Миќановиќ која ќе презентира колекција тука во Македонија, додека Ирина Тошева заминува на предстојното издание во Нови Сад.
Најновото пак од Росица Мршиќ ќе го видиме во продолжение на Моден викенд Скопје, на 31 октомври но начинот на презентација, дизајнерката го остава како изненадување до самиот крај.

По представувањето на „Mcouture by Mila Kadriu“ на Prishtina fashion Night во април годинава,на нашето десетто издание ќе гостува Флутура Дедиња од Приштина, препознатлива по својот специфичен дизајн.

„Mcouture by Mila Kadriu“ во организација на Моден викенд Скопје ќе ги изненади љубителите на нејзините креации со ексклузивна ревија кон крајот на ноември.

modna nedela 2014 3

Во соработка со Belgrade Fashion Week во рамките на проектот „Зона 45“ , десеттото издание на Моден викенд Скопје ќе го затвори ексклузивната ревија на српската дизајнерка Ивана Пиља која соработува со светски познати имиња како Лили Ален, Дита Вон Тис и многу други. Шоуто на Пиља ќе се случи на 27 октомври. На предстојниот Belgrade Fashion Week публиката ќе ја види колекцијата на LIDIYA GEORGIEVA.

Во организација на Моден викенд Скопје и Британски Совет во Македонија , Ребека Рој , модна уредничка и една од водечките британски стилистки ќе одржи работилница за модни блогери и фотографи наречена „Модно блогирање“. Со поддршка од Министерството за култура предавање ќе одржат Роберт Кавел Кларк од онлајн платформата за дизајнери Not Just А Label, Кендал Робинс програмски менаџер за мода во Британски совет Лондон и тимот на модниот онлајн магазин Stylist.mk.

Во рамките на FWSK вчера во Карпош на оградата на „Архив на Град Скопје“, беше поставена Изложбата на отворено „Арт Ограда“, станува збор за 16 големи пано-фотографии од креациите на модните дизајнери-учесници на претстојниот Моден викенд Скопје.

Фотографите се направени на осум локации во Карпош , односно во : ОУ „Јан Амос Коменски“, покрај жардиниерите на булевар Партизански одреди, во паркот „Карпош 3“, плоштадот „Делфина“ во населбата Влае, на кружниот тек помеѓу улица „Париска“ и улица „Варшавска“, во дворот на црквата „Св. Пантелејмон“, пред зградата на булевар „Партизански одреди“ бр. 59 (поранешен „Мал одмор“) и платото „Млечен ресторан“.Истите ќе бидат тргнати на 22 ноември.

Александра Бела

You May Also Like