Репертоар:

На денешен ден: 25 години од издавањето на албумот „Архангел“ на групата Архангел

На денешен ден (04.03.1991), пред точно 25 години, во просториите на фабриката на Југотон во Загреб (како прво издание на белградската издавачка куќа Haos) , се отпечатени 1.000 примероци (на vinyl) од легендарниот деби албум (LP и касета) на македонската рок група АРХАНГЕЛ.

25 години потоа, денес, групата повеќе не е активна. Државата и нејзините институции ги заборавија, и нив и овој јубилеј, а можеа барем еден коктел да организираат во оваа чест! Или, како што е вообичаено секаде во светот, да објават специјална “25 annyversary deluxe edition – 180gr. Remastered colour vinyl”, па така за секоја наредна прилика/прослава.

Па и помладите ќе дознаeja повеќе за значајноста на бендот/албумот a и сето тоа немаше да чини повеќе од субвенција за ЕДНА (веројатно само половина) песна....а гестот ќе беше за почит!!!! Но ако сите забораваат, Македонскиот Музички Архив егзистира, (сега-засега) да ве потсети на овој и слични јубилеи.

WE SALUTE YOU !!!!!

Длабок наклон до Ристо, Гино, Перо, Мите....но и до оние кои пред оваа четворка да ја сними плочата, значително влијаеа во создавањето на звукот на АРХАНГЕЛ......Ушко, Крива, Панта..... Дизајнот на омотот е на Златко Трајковски-Хинки а продуцент на албумот Мите Димовски (копродуцент Тоше Поп Симонов)

A1 Ladno Oružje 3:10

A2 Gordost 3:42

A3 Isus 2:27

A4 Zlatno Žolto 3:10

A5 Prevez 4:50

B1 Molk 3:42

B2 Luna 3:06

B3 Dva Vo Eden 3:54

B4 Brčki 3:34

B5 Arhangel 3:27

• Recorded At – Audiolab

• Pressed By – Jugoton – U 02936 L

• Bass – Petar Jankov

• Design – Zlatko Trajkovski

• Drums, Producer – Mite Dimovski

• Guitar – Dragan Ginovski

• Musical Assistance – Arhangel

• Recorded By, Co-producer – Toše Pop-Simonov

• Written-By, Vocals – Risto Vrtev