Репертоар:

Old School Cafe - 8 години уметнички расадник

Во периодот од 21 па се до 23 април, несекојдневно прославување на роденденот на едно од култните места во Скопје, Old School Cafe, место кое е пребивалиште на огромен број креативни луѓе, музичари, уметници, актери, писатели... Бидете и вие дел од оваа тридневна фешта.

Задоволството да имаш толку многу талентирани и успешни луѓе околу себе e neprocenlivo.  Овој роденден им го посветуваме токму нив, на луѓето, уметниците кои го одбраа нашето место за втор дом. Со огромна гордост, оваа година ви даваме екслузивна можност да се запознаете со делата и уметностите кои нашите прекрасни гости ги прават за овој град, велат од менаџментот на Old School.

Четврток:

Музика: 21:00 часот.

За прв пат во историјата на градов имаме изложба на албуми кои врвните музичари, гости на нашиот кафе бар, ги изложуваат за вас. Можете да се почестите и да си купите албуми од The Black & Vice Social Club , Foolish Green , Steel Temple , Furion , Tonyo San (Official) , Minstrel's Gallery , Fierce , Spewn 

Книга:Во делот на пишаниот збор, само неколку денови по официјалната промоција на книгата, ви нудиме прекрасна можност да се дружите сo Vladimir Ristevski, писателот на романот Исповеди на еден Психотичен Ум. Неговото присуство ќе ви го разубави романот со посвета и личен автограм.

Петок:

After work party со Александра Ксантика МеноскаMojito со Cayo Grande rum по цена од 110 ден.

Гузман текила гратис со секое пиво и Столичнаја по цена од 80 ден.Почеток 16:30 часотМузика:

John Ilija Apelgren е задолжен за звукот во вечерта во која ќе врие од уметност. Оваа вечер ви подаруваме ЦД кое е изработено специјално за вас. Дозволете си да го слушате Џони дома. Почеток 21:00 часот

Отварање на 4 уметнички изложби наKvnilingvs Maximvs , Urosh Veljković , Minstrel's Gallery, Tonyo San (Official) Facizam-Strip edition. Реномирани, успешни и издржани уметнички дела.

Накит: Elena Stavreska го изложува нејзиниот рачно изработен накит само за вас, нашите посебни уметнички души

Книга:На наше лично задоволство, овој петок ја имаме честа да се дружиме со прекрасната Snezana Sani Bogdanovska. "Моите стории, мојот живот" е роман кој за прв пат во историјата на нашата земја ја обработува темата Мода. Сани ќе биде тука за вас, да ви покаже како во буквална смисла на зборот изгледа успешна жена, да ја доживеете посебната енегрија. Доколку решите да ја купите книгата ќе бидете во можност да добиете автограм.

Сабота:

Официјалниот роденден оваа година се поклопи со сабота. Old School е 8 години со вас.

Музика:

Aco Smilkovski 20:30 – 21:40 – Pure Rock

Majda J. White, Vesna Ivanova, Seth Amenemhet21:40 – 22:20

Vlatko Ilievski 22:20 – 23:00(во ова време имате можност да добиете албум од Влатко гратис)

Номади Виктор Танасковски, Marko Vasilevski, Goran Pangovski 23:00 – 23:40

Сан енд Грин 23:40 – 24:20 Светот на ДЈ сетот

Milan Bibanovski Торта 24:20 – 01:00

Книга:

Александар Ристевски ќе ја промовира својата книга која обработува една од најинтересните области. Музеите во Скопје (Skopje Museum Tour) е книгата која ќе можете да ја купите по промотивна цена само оваа вечер.

Недела: Тwo Generaion

Бидете дел од најубавата недела.