Репертоар: more info

Штипскиот Музеј ќе го истражува локалитетот Манастирче кај Чардаклија

please click for source Штипскиот Музеј бара околу педесетина работници кои ќе работат на археолошкиот локалитет Манастирче кај штипското село Чардаклија. Сите заинтересирани од денес може да се пријавуваат во Музејот. 

click the following article Директорот на Заводот за заштита и споменици Музеј на град Штип Митко Штерјов рече дека со овие подготовки и официјално од наредниот месец почнуваат истражувањата на средновековниот локалитет Манастирче, кој се наоѓа во непосредна близина до новиот експресен пат Штип-Кочани.

Локалитетот Манастирче е откриен од страна на селаните, кога случајно раскопале темели од мал објект. Подоцна било утврдено дека станува збор за црквичка ѕидана од кршен камен и варов малтер, а на западниот трем од црквата биле откопани три гроба со конструкции од монолитни камени плочи continue reading.

click Штерјов забележа дека изградбата на новиот експресен пат ќе овозможи и полесен пристап до локалитетите кои гравитираат на потегот од Штип до Кочани. Археолошките мапи, како што рече, покажуваат дека токму овој дел е богат со наоѓалишта.

source Археолозите од штипскиот Музеј во моментов работат на археолошкиот локалитет Врчва, кој се наоѓа во идното рудно тело на Боров дол.

more info