Репертоар:

Јавна дебата во Националната галерија „Мала станица – Минато, Сегашност, Иднина“.

Целта на јавната дебата беше размена на мислења и предлози за изработка на основен проект за реконструкција на објектот „Мала станица“, еден од објектите во составот на Националната галерија на Македонија. 

На дебатата учествуваа 12 панелисти и тоа: д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија на Македонија, Маја Чанкуловска – Михајловска и Ана Франговска, кустоси во Националната галерија на Македонија, м-р Виолета Бакалчев (која беше модератор на сесијата), м-р Дејан Ивановски, Бесиан Мехмети, д-р Огнен Марина, д-р Мартин Гулевски, м-р Елизабета Аврамовска, м-р Вана Урошевиќ, м-р Роберт Јанкуловски и м-р Оливер Мусовиќ.

По завршувањето на нивните излагања кои се занимаваа со разновидни проблематики и тоа: причините за реконструкција на Мала станица; реалните потреби и оправданост Мала станица да биде дел од Националната галерија на Македонија и во иднина; можностите овој објект да се реконструира или пак потребата од градење на нов објект наменет ексклузивно за потребите на Националната галерија на Македонија; реалните потреби за просторно-галериски и инфраструктурни измени заради извршување на основната намена на оваа институција; музејските потреби за прилагодување на објектот делумно во депо за чување на музејските експонати итн.

На дебатата присуствуваше и министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, кој ги слушна потребите и причините за превземање на овој голем зафат – реконструкција на објектот „Мала станица“, со цел тој да стане модерен и функционален културен објект по сите современи потреби, норми и стандарди.

 

По оваа јавна дебати се воочи потребата од одржување на почести јавни расправи на кои ќе се дискутираат вакви или слични проблеми кои ги окупираат културните работници и пошироката јавност.

Следен чекор на оваа јавна дебата е јасно поставување на задачите и целите на Националната галерија на Македонија во однос на реконструкција на објектот Мала станица и отворање на конкурс за изработка на предлог-проект за реконструкција.