Репертоар:

Ќе се реконструира Офицерскиот Дом во Битола.

Министерот Алаѓозовски оствари работни средби со раководства на институции од културата во Битола и Ресен, на кои беше информиран за активностите и реализацијата на програмите од нивна надлежност.

На средбата во Националната установа Завод и Музеј-Битола, Алаѓозовски соопшти дека министерството ќе преземе конкретни мерки за спречување на понатамошното руинирање на Офицерскиот Дом во Битола.

- Како што е познато Владата на Република Македонија обезбеди почетни 10 милиони денари за реконструкција на објектот. Надлежна институција што ќе треба да направи категоризација на овој објект од нашето културно наследство е НУ Завод и Музеј-Битола и тие таа обврска ќе ја исполнат, а понатаму ќе следува ревалоризација на изведбениот проект и следните фази. Очекуваме во 2018 година да се изврши заштитата на објектот, а потоа фазно целата реконструкција на објектот кој е даден во сопственост на општина Битола ќе може да биде употребен како јавен културен простор од интерес на сите граѓани на Битола за што конечна одлука низ јавна дебата ќе одлучат стручни лица и граѓанските организации од овој град, изјави Алаѓозовски и потврди дека процедурите за реконструкција на објектот се во завршна фаза и затоа веднаш ќе се пристапи кон спречување на понатамошното руинирање на Офицерскиот Дом во Битола.