Репертоар:

Колаборативен проект „Кога зградите би зборувале“

Колаборативниот проект „Кога зградите би зборувале“, кој ги разоткрива скриените траги од бришењето на колкетивната меморија на локалната историја, преку конкретни примери на урбани простори кои се/биле значајни обележја во одреден град или област, ќе биде претставен денеска во Скопје.

На дискусијата во  Железничка зграда Скопје ќе се обратат авторите и куратори на проектот Филип Јовановски, Ивана Васева и Дејан Ивановски, како и дел од станарите.

Проектот е поддржан од Balkans Arts and Culture Fund (BAC), и спроведуван од Швајцарската влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Европската културна фондација (ECF).

„Кога зградите би зборувале“ се обидува да зборува на креативен и интердисциплинарен начин за локалните урбани проблеми, преку истражување на Железничка зграда во Скопје од ФРУ - Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје, комплексот на згради Белвил во Белград во соработка со партнерот Супервизуелна и Фабриката Пенкала – Мостер во Загреб, во соработка со организацијата „Фрлачи на сенки“ од Загреб, во периодот од октомври 2015 – септември 2017 година.