Репертоар:

Музејот во Битола ќе добие нов изложбен и галериски простор

Годинава националната установа Завод и Музеј-Битола ќе реализира 57 проекти – составен дел на националната програма на Министерството за култура за кои се издвоени 66 милиони денари... 

Директорот на оваа национална установа, Зоран Алтипармаковски изјави дека еден од најзначајните проекти кој е прифатен од Министерството за култура, а ќе се реализира оваа година, е реконструкцијата на административната зграда на Музејот.

- Станува збор за проект со кој е предвидена конзервација и реставрација на фасадата, ентериерно уредување, средување музејските депоа, зголемување на музејската поставка од 570 на 1.200 квадратни метри, а во поткровјето ќе биде оформен галериски простор кој ќе се простира на површина од 2.000 квадратни метри, нагласи Алтипармаковски.

НУ Завод и Музеј-Битола во минатата година го посетиле 42.563 туристи, од нив 75 oтсто од странство, главно од Турција и Израел беше посочено на денешната прес конференција во овој град.