Репертоар:

Санација на куполата на црквата „Свето Преображение“ во битолското село Гопеш

Црквата е изградена во 1871 година и претставува еден од поголемите црковни објекти во регионот, истакна Зоран Алтипармаковски, директор на Завод и Музеј-Битола...

НУ Завод и Музеј-Битола продолжува со санацијата на црквата „Свето Преображение“ во битолското село Гопеш.

Црквата е изградена во 1871 година и претставува еден од поголемите црковни објекти во регионот, истакна Зоран Алтипармаковски, директор на Завод и Музеј-Битола.

– Продолжува санацијата на куполата и ѕидното сликарство на куполата на црквата во селото Гопеш. Куполата е на висина од 16 до 18 метри, направено е скеле и се продолжува со активностите, бидејќи има оштетувања. Освен врз куполата, се интервенира и врз јужниот ѕид на црквата кој се оштетува поради спуштање на земјиштето. Нашите екипи ставија стеги за да не се случи некој поголем проблем со еден од најзначајните објекти во регионот, посочи Алтипармаковски.