Репертоар:

„Дизајн што продава“ – викенд бизнис-настан во Јавна соба

На бизнис викендот во Јавна соба, “Дизајн што продава“ викендов најавени се искусни регионални експерти кои имаат да споделат драгоцени искуства со производителите и младите претприемачи во Македонија...

- Намален е бројот на нови дизајни, намален е бројот на новоформирани дизајн студија, младите се сè понеодлучни да инвестираат во себе, својата креативност и знаење. Но како е можно еден млад претприемач да не верува во своите способности!? Не смее да дозволиме само производните капацитетити и администацијата да бидат перципирани како активни работодавци. Постои огромна дупка на пазарот, домашен и регионален, а нема кој да ја покрие со производи. Навистина е жално што не го користиме моментот кога сме опкружени со голем број на исплатливи ресурси, достапна технологија и ниска цена на труд, а сето тоа зачинето со иновација, време, труд и минимални средства може да донесе огромен бенефит “, вели Александар Велиновски основач на дизајн центарот Јавна соба и Неделата на дизајн во Скопје.

Програмата за бизнис викендот во Јавна соба е предизвик да се слушне и научи, да се разменат искуства и добие конструктивна критика за работењето и позиционираноста на младите брендови.

Предавањата на сите четири експерти се закажани за сабота 18 март со почеток од 11:00 до 18:00 чasot. Истите се отворени за јавноста и се бесплатни, но регистрацијата е задолжителна за сите посетители. Заинтересираните можат да закажат и тет а тет средба, односно индивидуално советување во времетаење од 1 час со еден или повеќе експерти. Оваа програмска активност не се наплатува.

Дизајн што продава нуди и забавна програма, промоција на македонски вина од мали винарии од тиквешкиот регион со почеток во 17:00ч во петок, џез трио во состав Дарко Стојоски, Горан Попоски и Марко Василевски со почеток во 21:30.

Посетителите можат за првпат да дизајнираат своја порција на храна (тестенини на 100 начини) во новата отворена кујна на кат во “Slava Room” во Јавна соба во текот на целиот ден во сабота. Во вечерните часови настапува музичката група “Lady Blue”.

Влезот е слободен за сите програмски активности.