Репертоар:

Изложба за Кирил и Методиј во Музејот на македонската борба

Во Музејот на македонската борба вечерва (23 мај), со почеток од 19 часот, ќе биде отворена изложбата „Светите браќа Кирил и Методиј – сесловенски просветители“.

Музејот на македонската борба ја организира изложбата со Здружението за македонско-чешко друштво Карел IV, а содржи филателистички материјал од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ.

Во рамки на изложбата ќе биде прикажан документарен филм за моравската мисија на светите Кирил и Методиј.