Репертоар:

Седмо издание на Skopje Design Week

„Звукот на материјалите“ е тема на седмото издание на „Недела на дизајнот во Скопје” (Skopje Design Week) што оваа година ќе се одржи од 22 до 26 ноември во Скопје.

Како што информираат организаторите, тема е избрана водејќи се од фактот дека материјалите, нивната достапност и обработка, во моментов се најпримарни елементи во еден производ. Фестивалот годинава ќе се претстави во пет програмски целини, каде водечка е секцијата на дизајн изложбите.

Земја во фокус е Унгарија, која ќе се претстави со врвна дизајн изложба составена од 20 дизајн студија, компании и поединци.

- Покрај изложбата, унгарските дизајнери кои во голем број доаѓаат во Скопје, ќе имаат презентции за деловниот и дизајн аудиториомот на фестивалот, но и ќе посетат неколу фабрики во околина на Скопје, најавуваат организаторите на фестивалот.

Во делот на музичката програма ќе настапат пет музички групи од регионот: „Васил Хаџиманов бенд”, „Ѓорги Шаревски трио”, „Како - кало банда”, „Артан Лили“ и „Михали Борбели Балкан џез проект”.

Викенд програмата е резервирана за работилница за дизајн расмислување водена од експерти од целиот Балкан и научно-практична работилница за деца од 7 до 10 години.

Неделата на дизајн ќе се одвива на две локации - Јавна соба и Лукс мебел и расветa, а влезот е слободен за сите посететители.