Репертоар:

Елегантни „Французинки“ прошетаа на модната писта пред скопската публика

Ова беше едно со стил „закопчување“на ревијалниот дел на Модниот викенд Скопје. „Француска елеганција“, па зарем и треба на една жена нешто повеќе од тоа? 

 

Дефилираат така пред мене една по една моделите извајани во црно од софистицирани материјали, па си велам, тешко е да се постигне ваква врвна линија на отменост треба да си жена со силен дух, затскриен под пазувите на една смиреност, зачинета со доза на грациознoт и минијатурна нота на претенциозност. И друго си велам, овие безвременски парчиња се благодет во орманот на секоја жена.

И додека другите се обидуваат црната да ја заменат со други бои, поточно во другите бои ја бараат црната, Шалева  (Душица Петит) им пркоси докажувајќи го спротивното, да, на црната боја не ѝ треба партнерка. За неа доволни се златните примеси, но со умерена линија кои направија запамтлив печат за колекцијата. Сите тие симпатични рачно доработувани додатоци ја шармираа публиката и оставаат без здив. Мириса на елеганција, мисриса на мода, мириса на Елисејските полиња во Скопје.  

Белградската модна етикета „Mood board studio“, зад чие име се потпишува дизјанерката Ана Тошиќ Трајковиќ не ми дозволи да трепнам . Смели комбинации како слетани од друга планета. Впрочем и  самата најава ,на фан-страната на брендот.

„Според принципот на неверојатното,  колекцијата „42“ за 2018 година на Ана Тошиќ Трајковиќ слета на планетата Земја. Врзете се, ве чека лудо возење низ галаксијата!“

Делото „Автостоперскиот водич низ галаксијата“ на Даглас Адамс е всушност местото од каде Ана ја црпела инспирацијата, па токму затоа на креациите се забележуваат симболи од книгата. Глувци, ракетни вселенски бродови, делфини ...имплементирани во самиот модел или на модните додатоци.

Неизбежно е да се забележи умешноста на адаптација на многуте бои кои се претопуваат една во друга во една  весела заедница , но сепак со сериозен пристап кои отсликуваат за жени со самодоверба. Напати строгите кроеви на костимите ми дава идеја за една деловна жена со напреден моден вкус, а пак оние разиграните кроеви , повеќеслојни модни изгледи, ме потестија на слободоумна жена од 21 век, ослободена од стеги и правила.

Синергијата на поезијата и модата е смелиот предизвик со кој Ирина Тошева се одлучи да се соочи за оваа сезона, па ни помалку ни повеќе го одбрала Петрета со едни за мене најубави стихови. И  додека ја  замислував неговата Дениција во  креациите на Тошева,  си реков, да, во право е дизајнерката, секоја жена е нечија  Дениција. Од колекцијатa на мојата  имагинирана Дениција совршено ќе и приелега фустанот со принт со ликови надополнет со жолт голем ремен и жолти потпетици.

Заврши уште една успешна модна собиранка оргазинизрана од Моден викенд Скопје, главните виновници за подигање на стилската свест под нашето поднебје. 

Александра Бела