Репертоар:

Накитот на Еми Норис на Неделата на дизајн во Пекинг

Еми Норис оваа година по втор пат ќе учествува на Интернационалното Биенале за накит во Пекинг, Кина кое ќе се одржи од 16 до 30 декември 2015 година...

Изложбата е во склоп на настаните во рамки на Пекиншката недела на дизајн а во организација на Пекиншкиот Институт за Модна технологија.

Од страна на организаторот и жири комисијата која изврши избор на учесници на настанот,селектирани се две дела од дизајнерката. Тоа се две масивни огрлици: Едната од колекцијата F key (F клуч) а другата специјално изработена за настанот. Матерјалите од кои се изработени парчињата се комбинирани: плексиглас,огледален алкубонд,врвки за обувки, текстил, метал. Накитот е костимски.

Изложбата е од интернационален карактер со учество на над 300 дизајнери од околу 50 земји од целиот свет. Местото на кое ќе се одржи изложбата е : Парк на иновации на Институтот за модна технологија во Пекинг.

Темата на изложбата е : Jewelry- Boundless Самиот настан е конципиран да прикаже како различни култури взаемно се разменуваат,интегрираат па дури и судруваат и на тој начин промовираат развој на творечка разновидност во дизајнот на накит ,а воедно обезбедуваат платформа за интеракција на различни уметнички дизајнерски концепти.

Ова е второ претставување на дизајнерката на овој престижен настан. Прв пат изложуваше на истиот во 2013 година.