Репертоар:

Пеперутки во стомакот, благодарение на студентите на Георгиева

Кога учев  по биологија, во основно, за соршениот процес  метаморфоза  (премин од ларва во пеперутка),   ми остана во сеќавање  како едно од најинтересните трансформации кои ни ги нуди природата. Низ годините заљубувањето ме асоцираше на овој термин метаморфоза. Во тинејџерските години тој љубовен процес на почетокот личи токму на кожурец па со до раскошна убава пеперутка. 

Да не беше професорката и дизјанерка Лидија Георгиева не знам дали би се сетила дека метаморфозата може да биде дел и од модата.  Ги следев  етапно цела оваа година  нејзините  вредни студенти од ТМФ како го отсликуваа овој природен процес низ разновидни екеперименти, ммм...уште ми стои вкусот од она во епруветата што го пробав на минатиот моден викенд , а кое беше нивно дело во склоп на овој процес.

Во рамките на овој 16. Моден викенд Скопје  тие ја закружија третата фаза на целокупниот процес кој претрпел мутација.  Ќе признаам дека пред неколку години кога  првпат слушнав дека ревии ќе имаат студенти бев скептична, но откако заврши нивната ревија јас сум им најголем фан. Најискрено,  не само што знаат да изненадат туку и знаат да бидат далеку подобри од многу дизјанерски имиња.  Умешноста  17 различни умови да ги собереш во една модна целина со разновидни вкусови и испомешани чувства е за поздрав. Се надевам дека од овој проект ќе научат многумина. 

Не штетдев аплауз за колекцијата „Inside out“ на дизјанерката Марија Трајанова, која работи под етикетата „Марсин“. И покрај тоа што Трајанова со оваа колекција сака интимните мисли на жената да ги стави јавно и јасно видливи за сите, па  и самата таа ќе каже:

„Убавата долна облека и дава дополнителна самодоверба на жената и јас токму таа  самодоверба сакав да ја преточам во колекција и да ја извадам на виделина“.

Јас како жена  си извлеков поинаква порака  гледајќи ги нејзините парчиња. Понекогаш за многу жени е тешко да постигнат ефект да изгледаат секси, а тоа да не изгледа како да се облечени по долна облека, чинам со нејзината колекција е ставен крајот на таа мака.

Посебно уживав во минутите што ми ги приреди  модната креаторка Сара Реџиќ. Креациите создавани под  името „Bohemian Rhapsody“кои практично мене ми се чинеа како да лебедат наоколу пропратени од звуците на „La Boheme“  на   Charles Azanavour, а не како да се долу на земјата.  Ќе речам секое парче своја есенска бајка. Везовите, плетките, цртежи на платно, рачните изработки воопшто... за мене од секогаш биле најскапоцениот дел од модата, со ова дизјанерката ме освои. 

Со душа ја чекам нејзината следна колекција!

Александра Бела