Репертоар:

Петнаесетти скопски Моден викенд

Петнаесетто јубилејно издание на Моден викенд Скопје ќе се одржи од 31 март до 2 април...

Под мотото „PURE INDIVIDUALITY “, Моден викенд Скопје на своето петнаесетто јубилејно издание кое ќе се одржува од 31 март до 2 април, во салонот на „Порше Македонија“ ќе ја слави вистинската женска убавина и посебноста која секоја жена ја носи.

Заштитните лица на пролетното издание се моделите Симона Ангеловска, поранешната српска мисица Ања Шарановиќ и Викторија Ристовска од модната агенција „Подиум“.

Подготовките за сезоната пролет/лето 2017 започнаа со фотосесијата која се одржа викендов на терените на коњичкиот клуб „Дона“ во Радишани, пред објективот на познатата модна блогерка Јована Зука, која по трет пат го осмисли и концеп-дизајнот за визуелниот имиџ на сезоната.

„Преку профилите на три дистинктивни девојки ја славиме соголената, чиста убавина и го истакнуваме моментот пред трансформацијата за пистата и пред облекувањето во автентичниот македонски дизајн кој веќе 15 сезони се пласира на Моден викенд Скопје“, велат организаторите.