Репертоар: just click for source

Делчевски Ѕвегор спремен за обичајот под маски Ѕвегорска Сурова

Делчевски Ѕвегор и ѕвегорските суроваскари подготвени да запишат уште едно издание на традиционалниот обичај под маски Ѕвегорска Сурова. http://imprim97.com/map

check this out Театарот на отворено со свадбарската поворка и благословите за сурова, здрава Нова година, ќе се одржи онака како што е оставено во аманет, на 14 јануари, Василица. Организаторите на обичајот истакнаа дека годинава ќе има 70 маски, а младите ѕвегорци ќе го имаат главниот збор на обичајот под маски.

- Маските ги подготвуваме цела година. Купуваме нови, ги обновуваме старите. Но кај нас е најважно да доловиме на хумористичен начин свадбена поворка. Главни маски ни се невестата и зетот, потоа белаците кои ја чуваат невестата да не биде предвреме откриена, старците, мечката и многу други. Веселата дружина има обврска да ги посети сите домови од селото да ги благослови со Сурова и здрава Нова година, вели Драган Атанасовски read article.

Дејвид Налбатски, кој е кум на годинешната Сурова истакнува дека со поддршка на Општината и на фирмите од Делчево, обезбедено е се што е потребно за богата прослава на Ѕвегорската сурова click to see more.

click to see more - Ние ги покануваме сите граѓани од регионот и пошироко, да дојдат во Ѕвегор , да бидат дел од нашата прослава, односно од театарот на отворено кој ја багословува новата година, рече Налбатски.

Обичајот под маски во делчевски Ѕвегор е уникатен по многу нешта и често од етнолозите именуван како Пијанечко Вевчани. Ако во цел Пијанец, децата и младите во најразлични маски ги посетуваат домовите вечерта спроти Василица. Во Ѕвегор обичајот се одвива преку ден, на самиот ден на Василца. Тоа останало така од дамнина, поради тоа што селото некогаш било турско, објаснува професорот по историја во пензија, Стевчо Манасиев click to see more.

- Адетот е одамна, постои со векови и тој значи посакувања за Среќна нова година. Тоа е театар на отворено, суроваскарите се актерите, а селото е театарот. Јас сум посебно среќен што последниве години младите активно се вклучуваат во организацијата на обичајот што значи дека живото наследство продолжува, вели Манасиев please click for source.

Живото наследство под маски во Пијанец, олицетворено преку Ѕвегорската Сурова, не е единствено во регионот. Во Малешевијата на денот на празникот посветен на Св. Јован Крстител се одржува малешевскиот карневал Ратевски бамбурци. За етнолозите магиските и практичните обреди од Божиќ до Водици за време на некрстените денови, имаат длабоки корени во обичаите и традициите на овдешното население.