Репертоар: http://bakeshouse.com/map

Прилепските маски со награди од карневалите во Мокриево и во Куратица

Двете прилепски здруженија, „Преродба“ и „Прочкари“ викендов освоија вкупно четири награди на карневалите, што се одржаа во селата Куратица и Мокриево.  source

Негувајќи ја традицијата, здружението „Преродба“ учествува на разни културни манифестации, меѓу кои и на карневали. За празникот Василица, здружението беше на два карневала: на „Странчинарски игри“ во селото Мокриево и на карневалот во селото Куратица, каде членовите на здружението се претставија со маската „Вдовиците од мртовечко сокаче за Прочка“ read article.

Според претседателот на здружението „преродба“, Лилјана Ѓорѓиеска посебно е задоволството од освоениете нагарди зашто ги одразуваат вложениот труд и негувањето на тардициите see more.

just click for source - На двата карневала учествувавме со маската „Вдовиците од мртовечко сокаче за Прочка“ и на двата освоивме награди. Во Мокриево освоивме посебна награда, бидејќи бевме единствена возрасна група, а во Куратица ја освоивме третата награда за групна маска. Нашата групна маска ја сочинуваа пет членови од здружението. Наградите се сатисфакција за вложениот труд, вели Ѓорѓиоска.

Здружението за зачувување на традицијата и културата „Прочкари“ е редовен учесник на карневалите во земјава. Но, често гостуваат и на слични манифестации што се одржуваат во соседните земји, од каде, по правило се враќаат со награди. Таков беше случајот и од последното нивно учество на карневалите во Мокриево и Куратица каде освоија прво, односно, второ место learn more here.

click - На карневалот во село Мокриево во категоријата „групна маска“ го освоивме второто место, додека во истата категорија во село Куратица бевме првопласирани. И на двата карневала учествувавме со маската „Астерикс и Обеликс“. Нашата екипа броеше 30 членови, а благодарение на прилепската локална самоуправа ни беше овозможено да учествуваме на двата карневала, вели Горан Ржжаникоски, претседател на здружението „Прочкари“.

click to see more Според Коста Петрески, член на ова здружение наградите што ги освојуваат се доказ за посветеноста и љубова кон традицијата на сите членови на здружението. Но, и потврда за нивната успешна работа. Тие ги почнале подготовките за меѓунариодиот карневал „Прочка 2018“ што ќе се одржи во Прилеп.

- Веќе ги почнавме подготовките за меѓународниот карневал „Прочка 2018“, кој од 16 до 19 февруари по 17 пат ќе се одржи во Прилеп, а кон кој членовите на здружението за зачувување на традицијата и културата „Прочкари“ имаат посебен пиетет и со нетрпение го очекуваат, изјави Петрески.

фото: Пост.мк