Репертоар: http://univelacion.upla.cl/?map

Денови на иранската кинематографија во Кинотека

Со проекцијата на документарниот филм „76 минути и 15 секунди со Абас Кијаростами“ постхумно посветен на еден од најголемите ирански режисери од Сејфула Самадијан во петок, 17 февруари, во Кинотеката на Македонија ќе започнат Деновите на иранската кинематографија... visit web page

Во рамки на манифестацијата која е подготвена Кинотеката на Македонија во соработка со ирански културни институции и со логистичка поддршка на Иранската амбасада, публиката ќе има можност да види дела од поновата продукција - пет долгометражни филмови и еден краток филм кој е последен филм на Кијаростами this web page.

learn more here По секоја проекција предвидена е дискусија со гости од Иран, а на првата и втората вечер ќе присуствуваат режисерот Шарам Мокри чиј филм „Риба и мачка“ - е добитник на Сребрен лав на Венецијанскиот филмски фестивал во 2013 година, како и неговата сопруга и сценаристка и режисерка Насим Самани.

article source Амбасадорот на Иран во Македонија Хосеин Карими на денешната прес-конференција истакна дека целта е промоција на иранската култура, како и зближување на односите и културната соработка меѓу двете земји и двата народа.

click at this page - Културата и уметноста добиваат на вредноста само кога не се ограничуваат во внатрешните граници, туку кога добиваат можност да излегуваат надвор од земјата и се презентираат пред други народи во други држави, а филмот еден од највлијателните медиуми во моментот кога се работи за културната соработка, истакна амбасадорот Карими.

this web page Според режисерот Мокри, кој е ученик на Кијаростами, иранската кинематографија е она по што Иран е препознатлив денес во светот, покрај архитектурата и поезијата, а нејзиниот успех се должи на нејзината комплексност во прикажувањето на нештата и постоењето на многу филмски школи.

source Тој истакна дека во моментов работи на постпродукцијата на неговиот нов филм „Инвазија“, како и на две нови сценарија заедно со неговата сопруга. Најави и можност неговиот следен филм да го снима во Македонија, за што веќе разгладал неколку локации за време на неговиот престој во земјава, а тоа вели ќе зависи и од обезбедување на потребните финансии.

За Кијаросами, Мокри вели, беше мил, чуден човек, од кого можело многу да се научи за режијата и филмот. Ќе ги памети ставовите ма учителот за тоа каков треба да биде пристапот на режисерот во креирањето на делото, за дигиталната камера која овозможила ново раѓање на кинематографија и инсистирањето на значењето на звукот како можеби, вели, позначаен аспект на филмот од сликата.

Во рамки на Деновите на иранската кинематографија покрај документарецот за Кијаростами ќе бидат прикажани и филмовите „Риба и мачка“ на Мокри, „Мелбурн“ од Нима Џавиди, „Полудениот топ“ на режисерот Аболхасан Даводи, кусометражниот „Однеси ме дома“ на Кијаросмаи и „Денеска од Реза Миркарими со кој ќе се заокружи манифестацијата.