Репертоар:

„Џган“ на филмски фестивал во Мексико

Филмот „Џган“ по сценарио и режија на Вардан Тозија ќе има две прикажувања на Меѓународниот филмски фестивал во Гвадалахара во официјална конкуренција во секцијата Панорама, соопшти македонскиот продуцент на филмот „Дрим фектори“...

Продукцијата наведува дека фестивалот има големо значење за Мексико и се смета за еден од најважните на американскиот континент за промоција и дистрибуција на мексикански и ибероамерикански филмови, како и на најважните светски филмски достигнувања.

– Како фестивал на премиери на филмови од Латинска Америка, FICG служи како богат форум за креативна размена меѓу професионалци, режисери, критичари, студентите, како и публиката од „Иберо” Америка. Многу дебитантски филмови од веќе етаблирани и реномирани режисери од регионот ги имале нивните премиери токму на овој фестивал, соопшти „Дрим фектори“.

Копродуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија и SEE Cinema network.