Репертоар:

На денешен ден: Почина Димитрие Османли

На денешен ден, 13 март 2006 година во Скопје починал Димитрие Османли, македонски филмски, театарски и телевизиски режисер...

На 14 март 1952 година Османли станал првиот македонски дипломиран режисер, а со реализацијата на филмот „Мирно лето“ (1961 година) станал и првиот македонски режисер на игран филм, а воедно и автор на првата македонска ТВ драма „Домот на мојот татко“ и на првиот ТВ филм „Враќање во рајот“.

Османли бил прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Неговиот творечки опус е мошне богат и за тоа добил многубројни уметнички и општествени награди и признанија.

Роден бил во Битола на 29 мај 1927 година.