Репертоар:

Премиера на документарецот „Човекот - делфин“

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ премиерно ќе го прикаже документарниот филм „Човекот - делфин“ - приказна за легендарниот Жак Мајол, кој во 1976 година прв достигнал длабочина од 100 метри слободно нуркање.

- Ретки архивски исечоци и неверојатни современи подводни снимки ни го доближуваат животот на човекот-делфин, кој успева да ги помести границите на човечкото тело и ум. Тој е главната инспирација за играниот филм „Големото синило“ на Лик Бесон, соопшти МакеДокс, кој премиерата на филмот ја реализира во соработка со „Moving Docs“ - платформа финансирана од потпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“.

Филмот од 78  минути е италијанско-француска копродукција во режија на Лефтерис Чаритос. Во Скопје ќе биде прикажан на 2 ноември во Кино Култура, на 3-ти во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид и на 4 ноември во Спомен-куќата „Браќа Миладиновци“ во Струга. Почетокот е во 20 часот.