Репертоар:

Конкурс за откуп на фотографии „Вашиот кадар од Македонија“

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија објави конкурс за откуп на фотографии на тема „вашиот кадар од Македонија“.

- Целта е да Ве поттикнеме, инспирираме, охрабриме да ја споделите и Вие Вашата приказна преку Вашите најубави и најинспиративни моменти кои сте ги имале во Македонија. Креативноста споделете ја преку Вашите фотографии на најразлични теми: туристички дестинации, активности во природа, гурмански мотиви..., наведуваат од Агенцијата.

Конкурсот ќе биде отворен до 5. декември, а сите информации во врска со аплицирањето се достапни на линкот https://goo.gl/wSUYcp