Репертоар:

Хип хоп забава на Културното лето Новаци

Вечерва, 13 јули, со почеток од 20:30 часот на Спортското игралиште во Општина Новаци, во рамките на Културното лето Новаци 2016, ќе се одржи забава за млади...

Љубителите на хип хоп музиката и останатите граѓани ќе бидат во можност да уживаат во изведбата на голем број музички хитови.

Во рамките на овој настан ќе се претстави и ДJ Игор - NEOX и ДЈ Андреј Ѓошев кој после 21:00 часот ќе продолжи да не забавува со познати хитови: HOUSE, HIP-HOP, R’N’B HITS.