Репертоар:

Smoke Mardeljano на концерт во Скопје

Smoke Mardeljano и припаѓа на помладата генерација рапери од Србија кој негува вистински цврст звук пронижен со лирика која преовладува со гнев и револт кон системот, па токму затоа и многу млади луѓе се поистоветуваат и ги чувствуваат неговите зборови како свои. 

Smoke за прв пат во Скопје ќе има свој концертен настап во „Јавниот алтернативен простор Бла Бла клуб’’ со почеток од 20 часот и 20 минути. Добредојде ќе му посакаат македонските ем си-ја Туте и Кртот и Диџеите Димитри Је Ја и Мастер ЏИ. Концертот е во сабота (08.07.2017).

На неполни 10 години Smoke Mardeljano ги пишува своите први рими, а првата песна ја снима на 14 години. Од тогаш со мали чекори го остварува својот сон.

Во 2008 година е испратен во казнено поправниот дом во Крушевац каде се запознава со Повло и Џибони со кои непосредно после запознавањето ја формираат познатата рап екипа Мрак Клан, која денес е составена од Повло, Џи, Киза и Смоки Мардељано. После отслужувањето на казната во 2012 год. Смоки го издава својот прв ЕП.

Учествувал на разни фестивалски напревари, а во 2014 ја зема победата во Београд ( Master of freestyle)и во Постојно, Словенија ( Прва битка за Постојно ). Во 2015 го издава својот прв соло албум (Знаш ме Знам те) кој го напишал со одобрение на љубителите на тврдиот рап ширум Балканот.

Може да се издвои и соработката со имиња како што се: Микри Маус, Бвна, Sick Touch, Џус, МC Рима, Брках, Тимбе, Маста, Анке, Вироне, Sunny San, Ghet…

Во 2016 година, во соработка со Vice ќе го сними документарниот филм „Јас рапувам“, во кој одблиску го представува својот живот и хипхопот во Србија и регионот.