Репертоар:

„Зад Шпиунката", ново видео и промоција на вториот студиски албум на „Зад Аголот“

„Зад Шпиунката" е името на второто издание на „Зад Аголот“, чија промоција е закажана за денеска, 9 април, во Баду Бар, Скопје...

Нивното име доаѓа од “Зад Аголот Продукција" пред да се формираат како групација, сместени зад аголот на Манчу Матак во матичен Хром.

Нивниот збор е тврда вилица на времето во кое живееме. Остра критика и борба за еднаквост, отсликани на 21 трака, затоа што некои животни се поеднакви од другите...

Низ текстовите и музиката се чувствуваат и влијанија од Кочо Рацин, Џорџ Орвел, Gang Starr, Шпато...

Како гости на албумот се појавуваат Гоце САФ, Баже ДСЦ, Бојан Рафајловски (Conquering Lion) и Димитрије Марковиќ (Cloud Town).