Репертоар:

Артем Румјанцев: Македонците се отворени и добри луѓе, лесно е да се зборува и дружи со нив

Деновиве ја имавме честа да се запознаеме и накратко поразговараме со господинот Артем Румјанцев, претставник на Федералната агенција за Заедницата на Независни Држави, сонародници во странство и меѓународна хуманитарна соработка „Россотрудничество“при Амбасадата на Руската федерација, и да поразговараме околку неговите тековни работни активности, кои се однесуваат на културата.

Артем Румјанцев од 2016 година е во Република Македонија како претставник на „Россотрудничество“ во рамките на Амбасадата на Руската федерација. „Россотрудничество“ е Федералната агенција за Заедницата на Независни Држави, сонародници во странство и меѓународна хуманитарна соработка. Главните цели на Претставништвото на „Россотрудничество“ во Скопје се: зачувување на рускојазичното пространство во Македонија, зацврстување на билатералните врски во полето на културата, соработка во воспоставување на контакти во областа на науката и спортот, промовирање на руското образование, поддршка на организациите на сонародници, соработка со државни и невладини организации од Македонија, поддршка на меѓународниот развој, информативно обезбедување на надворешната и внатрешната политика на Русија.

Во „Россотрудничество“ работи од 2015 година. Како претходно работно искуство, бил во меѓународниот оддел на весникот „Известиа“. Во периодот од 2010 – 2014 е регионален дописник на весникот, од Хрватска.

Кои се вашите впечатоци од досегашниот престој во Република Македонија?

- Македонија ме изненади со убавината и своите пејзажи. Тука има прекрасна природа. Македонците се отворени и добри луѓе, убаво и лесно да се зборува и се дружи со нив. Гастрономската страна е за повеќе од пофалба.

На какво ниво е културната соработка помеѓу Република Македонија и Руската Федерација, каде е најсилна културната размена, а во кои области треба да се подобри?

- Билатералната соработка во областа на културата се води доста интензивно, со широк опфат. На високото ниво на односи влијаат заеднички историски и духовни корени, традиционално голема научно-образовна и културна размена, како и продолжување на меѓу црковните односи. Во Македонија има интерес за високото образование во Русија (за 2017/2018 академска година за Македонците доделени 36 стипендии). Активно работиме на промовирање на рускиот јазик и консолидацијата на руската дијаспора во Македонија. Соработуваме со организациите на руските сонародници и друштва на руско-македонско пријателство. Се одржува постојан контакт помеѓу универзитетите од двете земји. Има договорот за соработка помеѓу Московскиот државни универзитет „Ломоносов“ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во рамките на културната соработка во 2016 година се одржаа "Денови на руската култура во Македонија" со бројни концерти на руски фолклорни ансамбли, мастер-класи, изложби, тркалезни маси и други настани. Во септември минатата година во Скопје, Свети Николе и во Прилеп беше вториот фестивал на руската дијаспора "Јубилејна Русија". Во неколку наврати руските музичари и изведувачи ја посетија Македонија. Идното отворање на Руски центар за наука и култура ќе придонесе на интензификација на културна соработка.

Што од македонската култура сметате дека може да побуди интерес кај руската јавност, и колку Русите се запознаени со Македонија?

Македонија може да ги заинтересира Русите со својата историја, културно наследство, бројни музеи и споменици. За некои е интересен религиозниот туризам, за други - гастрономскиот. Во Македонскиот народен театар и во Македонската опера и балет имаат прекрасни претстави. Во многу градови на земјата се одржуваат интересни фестивали и карневали. За жал Русите не знаат многу за Македонија, бројот на туристи од Русија е релативно мал. Во 2016 година иницијативната група на Македонци започнаа проект за создавање веб-сајт кој објавува вести од Македонија на руски јазик. Мислам дека тоа ќе помогне да се зголеми интересот за Македонија во Русија.

Дали е за очекување зголемување на нивото на соработка и дали можеме да очекуваме и Руски културен центар или нешто слично во Македонија, во периодот кој следи?

Во 2013 година ја потпишана меѓувладината спогодба за основање и условите работа на културните центри. За отворањето на Рускиот центар за наука и култура во Македонија се имаат високи очекувања во поглед на натамошно зајакнување на билатералните културни врски, промоција на постигнувањата на модерна Русија. Во меѓувреме, мисијата на „Россотрудничество“ од мај 2016 година работи во Република Македонија во состав на Амбасадата на Руска Федерација. Исто така, во Скопје од 2016 година функционира Рускиот центар при УКИМ. Тој често е домаќин на различни културни настани посветени на Русија. Ценатрот располага со библиотека на руската книжевност. Организирани се курсеви на руски јазик бесплатни за граѓаните на Македонија.

Александар Ристевски