Репертоар:

На денешен ден: Почина Димитрија Чуповски

Димитрија Чуповски (Папрадиште, Велешко, 8 ноември, 1878 - Ленинград, СССР, 29 октомври, 1940) — македонски национален деец, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф ифилолог и еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла.

На денешен ден, 29 октомври 1940, во Ленинград (Санкт Петерсбург) умрел Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла, општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог.

Бил иницијатор и прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво, основано во Петроград во 1902 година. Го основал и Национално-просветното (1912) и Руско-македонското друштво (1914) во Петроград, а во периодот од 1912 до 1915 година на руски јазик го издавал списанието „Македонски голос“.

Роден бил во селото Папрадиште, Велешко, во 1878 година.