Репертоар:

На денешен ден: Почина Зоран Тодоpовски

На денешен ден, 14 февруари, 2015 година на 65-годишна возраст починал директорот на Државниот архив на Република Македонија, д-р Зоран Тодоровски...

Автор е на бројни публикувани историски трудови и зборници на документи. Значајни се неговите трудови посветени на ВМРО 1918-1924-1934 година, на македонското прашање во бугарскиот парламент, на ис­то­рис­ки личности како што се Крсте Мисирков, Тодор Александров, Вла­дис­лав Ковачев, Петар Шанданов, Тодор Поп Антов и други.

Зоран Тодоровски бил именуван за директор на Државниот архив на Република Македонија и раководел со Ар­хи­вот во периодот 1999-2002 година и од 2006 година до неговата смрт. Тој бил претседател на научно-културните средби „Десет дена Кру­шев­ска Република“.

Роден бил на 3 март 1950 година во Скопје.