Репертоар:

На денешен ден: Умре Христофор Жефарович

На 18 септември 1753 година во Москва умрел Христофор Жефарович, еден од најраните македонски преродбеници, свештеник, писател, ликовен уметник. 

Зборувал речиси на сите балкански јазици, а го познавал и латинскиот јазик. Бил еден од најдобрите и највлијателните ликовни уметници на Балканот.

Автор е на книгата со религиозна содржина „Поучение свјатителское и новопостановленому језику“ и „Описание светога божија града Јерусалима“, како и на книгата со световна содржина „Стематографија“, која има посебно значење за хералдиката.

Роден е во Дојран, околу 1800 година.