„Животот е прекрасен“ во МНТ за Светскиот ден на театарот 27 март

Македонскиот народен театар ќе го даде својот придонес кон одбележувањето на 27 март – Светски ден на театарот – со изведбата на претставата „Животот е прекрасен” од Николај Ердман во режија на Александар Морфов.

амиот режисер за претставата еднаш рече дека „не е претстава за самоубиството, не е пиеса за смртта, туку за еден човек кој повторно го открива животот, открива колку животот е прекрасен”. Дозволете си и вие преку театарската уметност да ја откриете убавината на животот.

Традиционално, пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани меѓународната и македонската порака посветени на актуелниот театарски миг, а кои ги сподели Македонскиот центар на ИТИ.

You May Also Like