Репертоар:

Концерт „Амбасада на мајсторството“ во Прилеп

Вечерва, 21 април, со почеток во 19.00 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи концертот „Амбасада на мајсторството“ на кој ќе настапат врвните руски млади музичари Алексеј Мелников на пијано и Владимир Устјанцeв на саксофон... 

Концертот се реализира преку Министерството за култура на Р.Македонија, Амбасадата на Руската федерација во Македонија и Санктпетербуршкиот дом на музиката.

„Многу ми се допаѓа тука, публиката одлично не прими, го посетивме и музичкото училиште во Прилеп каде дел од учениците изведоа неколку музички точки“, истакна Алексеј Мелников, руски музичар. „Сакам да истакнам дека Македонија многу ми се доапаѓа, сакам да се заблагодарам на организаторите кои се наши домаќини. Посебно сакам да се заблагодарам на Сергеј Лугин за тоа што овозможи да дојдеме тука, како и на „Амбасадата на мајсторството“, рече Владимир Устјанцeв, руски музичар.