Репертоар:

Концерт на Ирина Наумовска Кверфурт и Кристина Светиева во МГС

Ирина Наумовска Кверфурт и Кристина Светиева, наши афирмирани млади пијанистки,во рамките на циклусот „Pro Musica“ во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија,  ќе одржат концерт во Музејот на град Скопје, на 6-ти Ноември (понеделник) со почеток во 20 часот. 

Ирина Наумовска Кверфурт и Кристина Светиева, наши афирмирани млади пијанистки, во рамките на циклусот „Pro Musica“ во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија, ќе одржат концерт во Музејот на град Скопје, на 6-ти Ноември (понеделник) со почеток во 20 чaсот.

Овој пијано ансамбл за 4 раце настапува заедно уште од најрана возраст и е добитник на првите високи меѓународни награди за учесници од нашата земја, на повеќе престижни меѓународни натпревари.На програмата ќе бидат изведени дела за пијано за 4 раце од Пуланк, Дебиси, Равел и премиерно две дела од Шабрие и Сати.

Влезот е слободен.