Репертоар:

Концерт на руски уметници како дел од проектот „Амбасада на мајсторство“

Во Центарот за култура во Битола во среда концерт ќе одржат Данила Ефремов на кларинет и Иван Калатај  на пијано од Новосибирск, Русија.

Ефремов и Калатај ќе изведат дела од Стравински, Танеев, Гречанинов, Розенблат, Рахманинов, Сабитов, Шопен. Концертот ќе се одржи во рамки на „Амбасада на мајсторство“ - заеднички проект на Домот на музиката во Санкт Петербург и Россотрудничество.

„Амбасада на мајсторство“ се одржува од 2012 година и вклучува патување на младите солисти од Рускиот центар за наука и култура, во странски држави. Во првата половина од 2017 година се одржани 49 концерти во 25 земји. Минатата сезона 2015/2016 за Домот на музиката беше јубилејна. На 3. февруари 2016 година се одбележа 10 годинишнина од основањето.

Санкт-Петерсбурскиот Дом на музиката е основан по иницијатива на Министерството за Култура на Руската Федерација. Главна задача е развој на класичната музичка уметност, зачувување на традиционалните изведувања и подготовка на млади руски музичари за учество на меѓународни натпревари и фестивали. Особено внимание се посветува на студенти и дипломци на конзерваторијата на возраст од 16 до 30 години – солисти со оркестарска специјалност.

Организацијата на концертот е помогната од Руската амбасада во Македонија и почесниот конзулат на Русија во Битола.

Влезот за концертот е слободен.