Репертоар:

Настап на младиот пијанист Арда Мустафаоглу во Италија

Со концерт во аудиториумот „Claudio Monteverdi" во Мантова вчера (7 септември, четврток), младиот пијанист Арда Мустафаоглу ги заокружи концертните настапи во Италија и Германија.

 

Настапот во Италија е во рамките на седумнаесеттото „Музичко лето“ организрано од музичкиот конзерваториум „Lucio Campiani", на кој традиционално учествуваат сите победници од овогодинешните музички натпревари во Италија. Своето учество на оваа манифестација Арда го обезбеди со победата на престжниот пијанистички натпревар "Antonio Salieri" во Април годинава.

Од 13. до 21. Август, Арда Мустафаоглу имаше концертни настапи во германските градови Дурен и Ахен, како и во куќата на Шуман во Бон. Овие концерти се дел од наградата освоена на натпревар  „Pianisti i ri" во Тирана.

До крајот на годинава Арда Мустафаоглу ќе одржи солистички концерти и пред македонската публика.

Учеството на овие концертни настапи е помогнато од Министерството за култура.