Репертоар:

Хуманитарен концерт „Teenage riot“ за помош на Центарот „Порака“

Група ученици од Меѓународното училиште „НОВА“ ќе организираат хуманитарен концерт насловен „TEENAGE RIOT“, за помош на Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“...

Хуманитарениот концерт ќе се одржи на 12 април, со почеток од 19 часот, во Денсинг салата на Младинскиот културен центар во Скопје.

Хуманитарниот концерт е дел од проектот ЦКА- ПХВ (Црвен Крст во акција- Промоција на хумани вредности), кој се реализира во соработка со Меѓународното училиште „НОВА“.

На овој настан учество ќе земат и повеќе познати македонски бендови: АРЕА, PMG Кolektiv, MILLKO, FUNK SHUI, KHARA и LINKOLN LETTER. Специјално изненадување на вечерта ќе биде настапот на корисниците од дневниот центар „Порака“ заедно со бендот FUNK SHUI.

Цената на еден билет ќе чини 250 денари, а собраните средства од влезниците ќе бидат донирани во Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“.