Репертоар:

„The Killers“ доаѓаат на EXIT

Еден од најголемите бендови на денешницата „The Killers“, ќе настапи во среда, 5-ти јули, на таканаречениот „нулти ден“ на овогодишниот Exit...

Ова ќе биде новиот Get EXITed, специјалниот настан во чии рамки и Роби Вилијамс пред две години приреди вистински спектакл пред повеќе од 33.000 луѓе на Ушче.

„Еден од најголемите бендови на векот“, „Најголемиот американски рок бенд“, „Најдобриот голем бенд на светот“, се само дел од цитатите за The Killers што ги напишаа светските медиуми како што се NME, MTV, VICE и бројни други.

Сопствениците на четири Бр.1 албуми и добитници на дури девет престижни награди за најдобар светски рок бенд, на Петроварадинската тврдина доаѓаат во рамки на ексклузивната турнеја на која ќе настапат во вкупно десетина земји меѓу кои се С.А.Д., Велика Британија, Шпанија и Србија.

Оваа турнеја веќе важи за една од најбараните годинава, па и нивниот јулски концерт во недогледниот Хајд Парк е распродаден за само неколку дена, додека цената на влезниците на црниот пазар за тој концерт се движи до вртоглави 700 евра. Со ова бендот зад себе ги остави изведувачите како што се Justin Bieber или Kings of Leon, чии влезници за концертот, неколку дена порано на истото место, сѐ уште можат да се купат во редовна продажба.