Репертоар:

Концерт на хрватскиот бенд „Елементал" во „Борис Трајковски"

Хрватскиот бенд „Елементал“ оваа сабота (18 март) во „Вип Арена Борис Трајковски“ ќе прослават 10 години од својот прв настап во Скопје со нивното концертно шоу „Денот Е“... 

После сите успешни клубски свирки, за првпат настапуваат на голем концерт во Македонија каде што ќе ги испеат сите најголеми хитови од претходните 19 години, како и песните од најновиот албум „Тјело“.

Влезниците во претпродажба може да се купат по цена од 300 денари, а потоа по 400 денари во Пола Југотон и на продажните места на Купи Карти За Се.

Почетокот на концертот е закажан за 20:30 часот.