Репертоар:

Предавања на Јордан Плевнеш на Сорбона

Македонскиот писател и ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш одржа пристапна беседа „Драматургијата и глобалниот политички терор: Земи или остави“, на универзитетот „Пантеон Асас“, на париската Сорбона, по повод изборот за редовен член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите...

Темата во шест академски циклуси, како што се наведува во соопштението, Плевнеш ќе ја презентира пред магистрантите и докторандите во периодот меѓу 18 и 30 април, како своевидна хронологија на односот помеѓу драмското писмо и политичката историја од античката трагедија до денес.

На 26 април, во рамките на фестивалот Еуропдрам, во Куќата на Европа и Ориентот ќе биде преставена сценската изведба на француската верзија на драмата на Плевнеш „Кирил и Методиј“, која со плејада на париски актери ќе ја престави на публиката францускиот режисер Патрик Вершурен.