Репертоар:

Дебати за програмата „Креативна Европа“ во рамки на Македокс и СВП

Канцеларија на Креативна Европа - Култура и МЕДИА при Министерството за култура и Агенцијата за филм на Македонија, во соработка со Министерството за култура на Бугарија (Канцеларија на Креативна Европа – Култура) и Канцеларијата на Креативна Европа - МЕДИА на Чешка, ќе учествуваат со презентации и дискусии во рамки на Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ и Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (во склоп на Европската поетска платформа „Версополис“).

Двата фестивала, соопшти Министерството за култура, се поддржани од Програмата Креативна Европа.

Презентациите и дискусиите ќе бидат посветени на актуелните теми и прашања поврзани со спроведувањето на двете потпрограми на Креативна Европа - Култура и МЕДИА. Ќе се дискутира за меѓусекторските достигнувања на Програмата „Креативна Европа“, за препораките за Програмата по 2020 година, среднорочната евалуација на категоријата „Платформи“, ќе се презентираат информации за категоријата „Проекти за соработка“ и „Европската година на културно наследство 2018“, како и модели за барање на партнери и др.

Во рамки на „Македокс“ во црквата „Св. Спас“ (Сала на музејска поставка на Гоце Делчев) се одржа Фестивал за креативен документарен филм и дискусија за Креативна Европа  (МЕДИА и Култура) на која ќе учествуваат Павлина Каландрова од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Чешка, Владимир Стојчески и Билјана Прентоска Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА и Култура) на Република Македонија.

Во рамки на програмата на Струшките вечери на поезијата, утре во 16:30 часот ќе се одржи дискусија за Креативна Европа по 2020, на која ќе учествуваат Билјана Прентоска од Канцеларија на Креативна Европа- Култура на Република Македонија, Весела Кондакова од Канцеларија на Креативна Европа- Култура на Република Бугарија, Павлина Каландрова од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Чешка, Владимир Стојчески од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Македонија и претставници на организациите вклучени во платформата „Версополис“ поддржана од програмата „Креативна Европа – Култура“. Повеќе информации за Платформата има на http://www.versopolis.com