Репертоар:

Денес на Битфест - (среда) 12.07.2017

 Денес (среда) 12.07.2017 на програмата на Бит Фест ќе може да проследите...

12:00  Црква Свети Елена и Константин „30 години комуна на власите Битола“

18:00 – Плато пред галерија Монмартр„Второ ликовно матине на монмартр 2017“ – ликовна дејност    Здружение на граѓани за едукација на млади ликовни уметници Мал Монмартр Битола

Годинешната традиционална изложба на Битолскиот монмартр се отвора на Платото на Монмартр во Битола, а целта е да заживее чаршијата, место каде учесниците ги поминуваат незаборавните денови за време на нивниот престој во Битола, а граѓаните, гостите и туристите да се запознаат со големото ликовно богатство со кое располага Битола и Република Македонија.

На изложбата се поместени околу 150 најдобри дела од 600 создадени за време на седумте денови во Битола, Вевчани и Охрид на тема: Старата македонска архитектура. Изложбата ќе има патувачки карактер во повеќе места во земјата и странство.

19:00 – Мала сала при Центар за култура „Од Монастири до Битола“ (Православните храмови во Битола) – документарен филм – Друштво за театарска, филмска и телевизиска продукција АСТРАВЕДА – Битола

Од Монастири до Битола

(Православните храмови во Битола)

Православните храмови во Битола е документарен филм кој започнува со почетоците на христијанството во Битола, изградбата на првите цркви и манастири, (нивната масовност по коja и го добива името Монастири, Манастири и сл. во историските записи на различните патеписци и хроничари) па се до современите црковни храмови кои чекаат да ги примат своите први верници.

Во самиот документарен филм ќе има директни искази од црковни лица за богатиот духовен живот на градот и на верските храмови во кои тие ја реализираат Богослужбата. 

Целосен визуелен приказ на сите активни цркви во кои се врши Богослужба со нивните специфики, историјати и раритетни икони, иконостаси...

21:00 – Широк сокак „Радио Журка“