Репертоар:

Филмот „Израелска љубовна приказна“ вечерва во Сули ан

Денес, (18.07.2017, вторник), со почеток во 21:00 часот, ќе се прикаже филмот „Израелска љубовна приказна“ („Sipur Ahava Eretz-Israeli“ – Израел/САД/В. Британија), на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, во соработка со Амбасадата на Државата Израел во Македонија. 

Со почеток во 21:00 часот, ќе се прикаже филмот „Израелска љубовна приказна“ („Sipur Ahava Eretz-Israeli“ – Израел/САД/В. Британија), на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. 

Тоа е историска драма во времетраење од 93 минути.

Режија: Ден Волмен

Улоги: Ади Биелски, Авив Алуш, Алекс Енски,...

Награди: „Златен петел“ од публиката за главна женска улога на фестивалот „100 цветови“ во Кина (Кинески Оскар)

Според вистинска приказна: во 1947 година, 18-годишната Маргалит живее во северен Израел обожавајќи го театарот и сонувајќи да стане актерка. Во предвечерието на раѓањето на државата Израел, таа го среќава 24-годишниот Ели Бен Зви и се вљубува во него...

Филмот е снимен според истоимената автобиографска монодрама на Фина Гери, претстава која е дел и од актуелниот израелски театарски репертоар.