Репертоар:

Програма на Бит Фест за 22 август 2017

Денес, (вторник, 22 август 2017) на програмата на БИТ ФЕСТ во Битола...

ВТОРНИК 22 август 2017 на БИТ ФЕСТ

12:00 – НУУБ Свети Климент Охридски – „Жива библиотека“

20:00 – НУ Центар за култура „НЕЗАБОРАВ“ во организација на Панде Димитровски

Концерт во чест на Миле Шерденков - Шендер

Во живо со: Групата „ГРОМ“, Кирил Стојчевски, Зоран Маневски, Бојан Стојков и деца од „СИ-ДО“.

Прерано починатиот Шерденков беше член на музичката група Мадригали.

Во 2013 година во рамките на БИТ ФЕСТ во Хераклеа беше изведен голем концерт по повод 40 години постоењето на групата Мадригали на кој покрај повеќе групи кои гостуваа, настапи и Дадо Топиќ.

Во 2005 година композиторот Миле Шерденков по иницијатива од граѓаните на град Битола и пошироко, еден од првите членови од организацијата на детскиот фестивал СиДо и Дарко Шерденков, ја продолжуваат традицијата така што овој фестивал прераснува на едно повисоко ниво во интернационални рамки. Хитовите на групите во кои Шерденков беше член беа препознатливи насекаде.

20:00 – НУ Завод и Музеј – концертна сала, Марија Наумовска, солистички концерт